Темен режим Режим на светлина

СДСМ: Уценувачки е одбивањето на понуденото зголемување на платите

СДСМ: 18 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал – Како 5 тони дрога помина преку граница? СДСМ: 18 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал – Како 5 тони дрога помина преку граница?

Уценувачки е одбивањето на понуденото зголемување на платите во време кога целиот свет се соочува со економска и енергетска криза, соопшти владечаката партија СДСМ.

Во соопштението се наведува  дека Владата предводена од СДСМ како никоја досега претходно покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество.

-Во разговорите со СОНК, Владата понуди зголемување на платите на наставниците од 10 отсто, односно раст за 2.500 денари во просек, како и методологија со која се обезбедува континуиран раст на платите и трајно решавање на социјалниот статус на наставниот кадар. Нанесувањето на штета на учениците кои треба да продолжат да ја следат наставата е крајно неодговорно. СОНК со одбивањето на понудата личните интереси ги стави пред интересите на децата, потенцираат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.

-Солидарно и праведно е сега кога штрајкуват, платата да им ја надомести организаторот на штрајкот, а тоа е СОНК. Сите мора да се водат од интересите на учениците, да не се дозволи прекинот на наставата негативно да влијае врз воспитно – образованиот процес на децата, наведува СДСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не ги понижува наставниците

Следна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Јавно обвинителство: Поранешен полициски службеник се заканувал дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи