Никако да се намали бројот на лица кои возат во Скопје без возачка дозвола. Тоа е видливо од секојдневните статистички податоци кои ги изнесува МВР. Имено, само на територијата на град Скопје вчера биле изречени 278 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола има 30 санкции. А колку не биле фатени, може само да се претпоставува.
Казни има, ама и возачи без дозволи и понатаму има бајаги низ градов. Очигледно е дека треба да се зголеми бројот на казнетите, а треба да се разгледа дали треба и казните да бидат повисоки. Прави ли полицијата некаков план во врска со проблемот?
Инаку, вчера изречени се 16 мерки за нерегистрирани возила, 12 санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се и 5 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 80 мерки за непрописно паркирани возила, 48 возила се подигнати од „пајак“ службата и 18 санкции за неносење заштитна маска.
Од МВР уверуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.