Темен режим Режим на светлина

Се чистеа две огромни депонии среде Чаир: Не може толку да се исчисти, колку што може несовесно да се фрли

Во скопската општина Чаир екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, денеска расчистиле две големи диви депонии составени од мешан комунален, градежен и кабаст отпад, лоцирани во Топаана и во близина на стадионот во општината Чаир.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани вели дека секоја година има драстично зголемување на количеството отпад од диви депонии, а во текот на изминатите три години бројките се зголемени дури десетпати.

Тој порача дека само со правилно и совесно одлагање на отпадот можеме да ги заштитиме животната околина и јавното здравје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Што донесе Пендаровски од патувањето во Брисел?

Следна објава

Нови 46 жртви од ковид за 24 часа во земјава, 433 заразени