Се преврте чамец на Дунав, тројца исчезнаа, еден човек исплива

Три лица се водат како исчезнати, кога синоќа се превртел чамец на Ада хуја, во близина на Панчевачки мост.

Како што известуваат српските медиуми само еден човек од чамецот успеал да се спаси.

Според првите информации, речната полиција трага по, најверојатно, телата на тројца мажи: Т.Н. (38), М.М. (37), инаку сопственикот на чамецот и Н.М. (36).

Т.М успеал да исплива од Дунав и да се спаси. (37). Со чамец оделе од Ада хуја до Земун.

Брзата помош добила информација дека чамецот се превртел синоќа пред 23 часот. Докторот Александар Чукановиќ за РТС изјави дека добиле информација дека на релација Ада Хуја до Земун се превртел чамец.

„На лице место затекнавме едно машко лице кое било во изнемоштена состојба. Тоа лице успеало да исплива од Дунав. Му била укажана помош и е пренесен во Итна медицинска помош“, посочил докторот.

Единицата за безбедност на реките од синоќа трага по Милош М.(37), Ненад Т.(38) и Милан Н., кои синоќа околу 21 часот испаднаа од чамецот во близина на Панчевачки мост.

Според првичните информации, само Мане К.(37) успеал да исплива од Дунав.

Мане наводно дал изјава во полиција, но не можел да каже која е причината за превртувањето на пловилото.

Мештаните веднаш повикале полиција, која излегла на терен и која од синоќа интензивно трага и на Дунав и на брегот по исчезнатите тројца мажи од чамецот.

Како што се дознава, еден од тие тројца бил непливач, а како дошло до превртувањето се уште е нејасно, а исто така нејасно е што правеле синоќа на Дунав поради силната струја која предизвикала големи бранови на реката .

Претходна вестВо Тетово и Гостивар ноќеска во акциска контрола откриени шест пијани возачи
Следна вестНа Богородица за една ноќ уапсени четири лица поради фалсификувани исправи