Се степале пет жени во виничкo, три уапсени

Вчера во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода М.А.(63), А.А.(41) и Д.А.(33), сите женски лица од село Трсино, виничко. Полицијата постапуваше по претходна пријава дека на 03.03.2024 околу 16.30 часот физички ги нападнале нивните сосетки С.А.(58) и М.А.(31), при што употребиле и тврди предмети.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Штип.

Претходна вестМЕПСО цел на хакерски напад, снабдувањето со струја не е загрозено
Следна вестДимитриевски: Оваа владејачка структура сè повеќе потсетува на режимот на Груевски, и методите се исти