Се судрија автобус на ЈСП и „пунто“ на „Партизанска“

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот „Партизански одреди“, кај библиотеката „Брака Миладиновци“. Се судрија автобус на ЈСП со број 18 и автомобил „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата учествуваше и „рено“, чии воздушни перничиња се вклучени.

Според првичните информации автобусот во моментот на несреќата превезувал патници, но засега никој не се пријавил дека е повреден.

Автомобилот „пунто“ има оштетување во задниот дел. Возачот е неповреден.

На терен има полиција која прави увид за да се утврдат причините за несреќата.

Претходна вестТетовски ученици оставиле список со ученици и се заканувале
Следна вестСтружанец без дозвола изградил станбен објект, инспекцијата бара да го сруши