Темен режим Режим на светлина

Средношколец се заканувал по живот на професори, ќе добие кривична пријава

Приведен е и ќе добие соодветна кривична пријава средношколец од Скопје кој се заканувал на професори, соопшти полицијата.

Шеснаесетгодишен средношколец бил приведен во полиција по пријава на директорот на угостителското училиште „Лазар Танев“ откако преку социјалните мрежи се заканувал по животот на професори, објави Канал 5 по претходна потврда од МВР.

-Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, соопштија МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Законите за коридорите ставени на дневниот ред за брзо собраниско изгласување

Следна објава

Петровска: Осудените за „Диво насеље“ треба ги одлежат казните во земјава