Алтернатива: Уште колку Албанци треба да се иселат за да се задоволи семејството Ахмети?

Бесијан Ахмети член на семејството на Али Ахмети, со одлука на министерот за економија, Крешник Бектеши и одобрение на министерот за надворешни работи, Бујар Османи е именуван е за прв секретар во Амбасадата на РСМ во Брисел, тврдат од партијата Алтернатива. Тие прашуваат и уште колку Албанци треба да се иселат за да се задоволи семејството Ахмети?

– Во времето кога стотици илјади Албанци секојдневно се принудени да ја напуштат својата татковина и да се преселат на запад, во отсуство на економската перспектива во земјата, во времето кога невработеноста, продлабочувањето на економската криза, растот на цените и, генерално, квалитетот на животот ги принудува младите Албанци да се одвојат од нивните семејства, од друга страна, продолжува бескрупулозниот непотизам на функционерите на ДУИ, кои со своите постапки продолжуваат да ја убиваат надежта на младите Албанци.

Таков е случајот со членот на семејството на лидерот на ДУИ, Бесијан Ахмети. Членот на семејството на Али Ахмети, со одлука на министерот за економија, Крешник Бектеши и одобрение на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку партиското и семејното фаворизирање, именуван е за прв секретар во Амбасадата на РСМ во Брисел, заземајќи го местото на стотиците албански професионалци квалификувани за таа позиција.

Поради ова го прашуваме г. Ахмети за следново: Уште колку членови на семејството ви останале не сместени во државните институции? До кога треба да чекаат Албанците додека „Династија Ахмети/ДУИ“ ќе се сити на нивен грб? Уште колку Албанци треба да се преселат за да се задоволи семејството Ахмети, прашуваат од Алтернатива

Од партијата Алтернатива ја повикаа Државната комисија за спречување на корупција и сите надлежни институции да реагираат на како што велат срамниот непотизам на ДУИ на кој секојдневно сме сведоци.

Претходна вестНад 200 деца вакцинирани во кампањата „Од врата до врата“
Следна вест„Аспекти на творештвото на Петре М. Андреевски“ нова книга на Веле Смилевски