Во сообраќајните контроли вчера на територија на Град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, соопшти денеска МВР.
Од вкупниот број изречени казни, 17 се за возење без возачка дозвола, седум санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците…, се наведува во информацијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





