Темен режим Режим на светлина

Силекс ја победи Струга ТЛ, Гостивар и Работнички ремизираа

Гостивар и Работнички одиграа 0-0 во дуелот во Маџари. Многу борба, желба за победа и од двете страни, но и сепак внимателност да не се загуби дербито. Анес Рушевиќ се закани во првиот дел кон голот на Гостивар, а во второто полувреме домаќинот имаше иницијатива и шанси имаа Аосман и Каланоски. Сепак, остана до крај почетниот резултат.

Силекс во Кратово го пречека шампионот Струга Трим Лум, а ниту новиот тренер, Илчо Ѓорѓиоски, не најде решение како стружани да победуваат во првенството оваа пролет. Силекс славеше со 3-1. Хрвановиќ го отвори резултатот во десеттата минута, а Маронг Осман зголеми на 2-0 во 26.минута. Стружани намалија пред полувремето, но Ади Алиќ ги расчисти дилемите со голот во 52.минута.

Шкендија ја оправда фаворитската улога против Тиквеш во Тетово и славеше со 1-0. Адаму Алхасан беше стрелец на победничкиот гол во 35.минута од дуелот.

Шкупи на Чаир ја продолжи пролетната победничка низа и на мечот против Пелистер. Домаќинот победи со убедливи 3-1. Херој на триумфот беше Џемал Ибиши кој постигна хет-трик. Тој го отвори резултатот во 44.минута, а во вториот дел погоди и во 69. и во 75.минута. Во финишот Пелистер постигна почесен гол.

Во Охрид, Воска и Брера, играа во директна битка за опстанок, а славеа домаќините со 3-1. Тони Виноградац погоди уште во петтата минута, а во вториот дел стрелаа и Клинтон Осеи и Илирид Адеми.

ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 3-1

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 0-0

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 3-1

ВОСКА СПОРТ – БРЕРА 3-1

ВЧЕРА: ВАРДАР – БЕСА 0-0

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Министерот Трипуновски со порака: Нула толеранција за злоупотреби

Трипуновски: Младите земјоделци ќе добијат грантови, како и поддршка во форма на кофинансирање на проекти за кои ќе аплицираат

Следна објава
Уапсен 46-годишен скопјанец, прегазил и повредил жена па побегнал

Двајца тешко повредени во сообраќајка во Куманово