Темен режим Режим на светлина

Талески одигра без грешка, Бенфика продолжува понатаму во Европската лига

Бенфика на Филип Талески обезбеди победа над Бидасоа Ирун со 33:30 во последниот меч од главната фаза на Европската лига на ЕХФ.

Португалскиот претставник направи пресврт во второто полувреме и на идеален начин го заврши овој дел од натпреварувањето. Во тој пресврт значајна улога одигра нашиот Талески кој ги постигна сите три погодоци, односно одигра без грешка во вторите 30 минути.

Рамел и Хануш беа најефикасни со по шест реализации.

Клубот од Лисабон во осминафиналната рунда ќе ги одмери силите со дански ГОГ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јавна расправа за правилата за администрирање на гаранциите за потекло на електрична енергија

Следна објава

Ќе го земеме Гренланд на овој или оној начин, кажа Трамп