Силното невреме ги остави кумановци без вода за пиење

Поради неисправност, водата од кумановскиот вододвод да не се користи за пиење, соопштува Центарот за управување со кризи. До ова доаѓа по вчерашното силно невреме кое го погоди овој регион. Јавното претпријатие „Водовод“ Куманово денеска информираше дека од утрово од 05.00 часот утрово е затворен доводниот цевковод од Липково, водата со зголемена матност се испушта во канализациската мрежа.

Во соопштението до медиумите, надлежните од ЈП „Водовод“ околу 5 часот утрово вработените во Одделението за водоснабдувачки објекти кои своите работни задачи ги извршуваат во Фабриката за вода (Филтер станица) во Куманово забележале дотур на вода од хидромелиоративниот систем Липково-Глажња со зголемена матност од преку 10.000 НТУ.

-Од страна на вработените веднаш се преземени неопходни мерки предвидени за вакви случаи, односно доводниот цевковод од Липково е затворен како не би дошло до позначителни штети на процесот на преработка на вода за пиење. Во моментот, а пред сè заради безбедност по здравјето на населението во Куманово, водата, којашто е со зголемена матност, се испушта директно во канализациската мрежа што ќе доведе до недостиг на вода во системот за водоснабдување, информираат од ЈП „Водовод“.

Претходна вестКасами нема да ја послуша Владата и најави дека ќе продолжи изградбата на стадионот во Тетово
Следна вестСпречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните