Темен режим Режим на светлина

Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните

Царински службеници на влез на Меѓународен аеродром Скопје спречија влез на 1,7 тони медикаменти, Силденафил Цитат Упс и Сибутрамин, коишто се штетни по здравјето на граѓаните.

-Лековите не се регистрирани во Агенција за лекови, а фирмата увозник немала ниту дозвола за промет на големо со медицински средства односно не е впишана во регистарот на правни лица за вршење на ваков вид дејност, информираат од Управата.

По вештачењето е утврдено дека медикаментите Сибутрамин е супстанца која се наоѓа на Националните листи на контролирани опојни дроги и психотропни супстанци и истата претставува стимуланс на централниот нервен систем. Уште повеќе, утврдено дека истата предизвикува појава на срцеви и мозочни удари, поради што медикаментите коишто содржат сибутрамин се забранети за продажба од страна на ЕУ од 2010 година.

Медикаментите Силденафил Цитат Упс (виагра) пак претставува супстанца која влегува во состав на медикаменти за лекување и истата подлежи на контролирана продажба.

Случајот е преземен од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против правното лице ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ЈП „Водовод и канализација“ најави прекин на вода во Чаир

Силното невреме ги остави кумановци без вода за пиење

Следна објава

Протест на вработените во „Македонска пошта“: Не ни требаат 15 подружници, 15 директори, туку вработени во технолошкиот процес