Темен режим Режим на светлина

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Чкртаници и графити со недолична и навредлива содржина испишани од непознати лица на албански јазик се појавија на бетонскиот натпис Гостивар што се наоѓа на кејот во овој град. Претходно, на бетонскиот монумент во понеделникот, средношколци со дозвола на локалната самоуправа го обоиле со мотиви на македонското знаме и беа испишани букви од глаголицата и кирилицата. Тоа беше направено како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста.

Сквернавењето е извршено од двете страни на обележјето на градот.

Во полиција настанот не е пријавен, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат превземени соодветни мерки.

Гостиварци од утрово по социјалните мрежи го осудуваат овој чин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Протест на вработените во „Македонска пошта“: Не ни требаат 15 подружници, 15 директори, туку вработени во технолошкиот процес

Следна објава

Непалецот Ками Рита го искачи Монт ЕВерест по рекорден 30. Пат, вторпат за десет дена