Од Сојузот на синдикатите најавија дека утре ќе ги блокираат просториите
на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата, во знак на протест поради, како што наведуваат, недостиг на поддршка за зголемување на минималната плата.
Од ССМ информираат дека блокадата е дел од нивните активности насочени кон обезбедување повисока минимална плата и подобрување на работничките права.
Според најавата, синдикатот смета дека работодавачките организации не покажале доволна подготвеност за поддршка на нивните барања во рамки на социјалниот дијалог.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




