Шестотитни илјади цвеќиња и 7000 садници и грмушки ќе насадело „Паркови и зеленило“ следната година- ваква информација вчера беше одобрена на онлајн седница на Советот на Град Скопје и брзо потоа објавена.
Се разбира веднаш наиде на коментари на социјалните мрежи, дел смешни, дел позитивни, но најголем дел негативни:
-А што мислевте ќе ги брои народов колку сте насадиле?! Или пак ќе ни покажете фактура дека 607 000 сте купиле? Секако народни пари ќе бидат потрошени, а колку ќе купите, па насадите останува на вашата совест!
-Прво купете и насадете па пофалете се! Ова ви е работа според вашето име „Паркови и зеленило“ очигледно е, нели, со што се очекува да се занимавате?!
-Со чии пари ќе ги купите дрвјата и садниците? Со народни, се разбира… И сето тоа е во ред, ама да се сетевте малку порано оти се угушивме во чадов и смогов?…
-Многу работи вие имате ветено. Мнгу работи и не ги направивте потоа…, вака звучат критичните коментари.
Според информацијата од Градот не само што ќе се садат нови туку и ќе се одржуваат и реконструираат постојните покрај булеварите и коридорите.
– Со Програмата за одржување и реконструкција на сообраќајници во надлежност на Град Скопје, планирани се пешачки и велосипедски патеки и јавни рекреативни површини на подрачјето на градот, соопштуваат од таму.