Темно Режим Светло Режим

Со старите лични карти македонските граѓани може да патуваат и во БиХ

Македонските граѓани ќе може да патуваат во Боска и Херцеговина и со старите лични карти. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев утрово информираше дека остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, а во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на РС Македонија со лична карта.

Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на РС Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

Истата пракса е веќе воспоставена и со Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Малолетник од Скопје украл автомобил во Гостивар, па бил приведен

Следниот Пост

Русија по изјавите на Макрон: Директен конфликт со НАТО е неизбежен, ако...