Сојуз на средношколци: Да не се укинува еден интерен испит за државната матура, ќе се отежне уписот на универзитети

Доколку се укине еден интерен испит при полагањето на државата матура сериозно ќе ја намали и наруши можноста на околу 80 отсто средношколци да се запишат на факултет, предупреду денеска Сојузот на средношколците.

Сојузот на средношколци, пред денешната седница на која ќе дискутираат за државната матура, сметаат дека барањето за укинување еден интерен испит е спротивен на интересите на средношколците. Во нивното соопштение до јавноста тие велат дека интерните испити се полесни од екстерните, а нивно укинување ќе им ја намали можноста на матурантите да се запишат на универзитетски студии.

-Анализата на Сојузот покажува дека укинувањето на еден интерен испит ќе им наштети на нашите ученици кои аплицираат за студии во странство бидејќи нема да имаат доволен опсег на предмети. На пример, медицинските факултети во Велика Британија бараат од секој кандидат да приложи најмалку испит по Биологија и по Хемија, а испитот по Англиски јазик им служи на странските кандидати да докажат дека го познаваат јазикот. Бидејќи испитот по мајчин јазик не е прифатен на странските факултети, нашите матуранти ќе бидат ставени во подредена положба. А нивниот број не е мал, велат од Сојузот на средношколци.

Според нив, укинувањето на еден интерен испит може да им го уништи трудот на овие средношколци, а со сличен проблем би можеле да се соочат и матурантите кои ќе студираат на домашните универзитети, доколку тие решат да направат построги уписи.

– Според Државниот завод за статистика, има околу 17 илјади матуранти во Македонија при што само во Словенија се запишуваат над 1.300. Овој број не ги вклучува македонските студенти од прва година на приватните универзитети во Словенија, што значи дека најверојатно бројот е поголем. Според Фондот за здравствено осигурување, секоја година имаме дополнителни 300-400 матуранти кои студираат во уште 17 други земји од Европската унија, Западниот Балкан и Турција. Земајќи ги предвид и студентите кои студираат во САД и Велика Британија без државната стипендија, Сојузот со сигурност тврди дека секоја година има над 1.700 матуранти кои студираат во странство, а проценува дека бројот може да достигне и 2 илјади, т.е. околу 12 отсто од вкупниот број матуранти, се наведува во соопштението.

Претходна вестСе сетија ли пратениците од ДУИ на амнестирањето од 2002 година кога гласаа против амнестијата за 27 април?
Следна вестТројца штипјани што избегаа од затвор, вратени во келиите