Темен режим Режим на светлина

Стабилно и сончево време низ земјава, магла наутро

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во утринските часови на одделни места ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од -6 до 0 степени, додека максималните ќе достигнат од 9 до 13 степени Целзиусови.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има магла, по што во текот на денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време. Минималната температура ќе се спушти до -5 степени, а максималната ќе достигне околу 9 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, до крајот на неделата ќе продолжи стабилно време со многу сонце и слаб ветер. Во утринските и ноќните часови на одредени локации е можна појава на магла, а дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Вонредно слетување на лет од Скопје поради здравствен проблем на патник

Промовиран првиот лет на „Виз ер“ од Скопје до Прага

Следна објава

Норвешка светски шампион: Германките паднаа дури во финишот