Темен режим Режим на светлина

Струшкиот професор кој удри ученик со боксирач доби затвор

Пресуда од четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга.

Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на пресудата.

На рочиштето професорот Ерол Спахо, кажа дека на случајот му претходел вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик. Посочи дека бил нападнат од ученикот во тоалетот, со тупаница. Боксирачот го извадил за да го исплаши, но сепак го удрил ученикот во главата.

Инцидентот се случи на 23 декември минатата година во средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга. По нападот од професорот, ученикот бил примен на Хирушкото одделение со повреда на главата, каде по извршеното шиење е пуштен на домашно лекување. Педесет и седум годишниот професор беше приведен од полицијата, по што му беше одредена мерка притвор, а во меѓувреме по предлог на дисциплинската комисија во училиштето престана неговиот работен однос.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонски државјанин се обидел да прошверцува скап часовник во Србија, останал и без автомобил

Следна објава

18 починати во 24 часа и уште 10 од претходно - дури 37 отсто од тестираните се позитивни