Откако осум од обвинетите во обемниот судски процес „Титаник“ признаа вина, обвинителката Лиле Стефанова побара условни казни за шестмина од обвинетите меѓу кои Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а ублажување на предвидените казни за Миле Јанакиески и Коста Митровски.
Според Стефанова, признанието само по себе е една голема олеснителна околност.
За повеќето од овие обвинети судскиот процес пред првостепениот суд ќе заврши со изрекување пресуда на наредното рочиште откако денеска и тие ќе дадат завршни зборови. На Јанакиески и Протуѓер ќе добијат пресуда за делата за кои признаа, но ќе продолжи да им се суди бидејќи не признаа вина само за делото злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања.
Признавањето вина доаѓа откако денешното рочиште за случајот „Титаник“ почна од почеток бидејќи имаше промена на поротник во судечкиот совет.
Јанкулоска признала вина за сите делата за кои се гони, а Протуѓер и Јанакиески не признаа само за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања. Меѓу осумтемина што признаа вина е и поранешната заменик-министер за правда Билјана Бришковска-Бошковска.
Дел од нив рекоа дека ќе преземаат одговорност како морален чин, како и дека сметаат оти овој судски процес не ни требало да почне со оглед на помилувањата од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Судскиот процес ќе продолжи и за експремиерот Никола Груевски, како и останатите обвинети кои не признаа вина меѓу кои се и Кирил Божиновски и Илија Димовски.



