Темен режим Режим на светлина

Град Скопје овој пат навремено набавува средства за прскање комарци

Градот Скопје годинава навреме ќе го отпочне третирањето против комарци и ларви од комарци, соопштија денеска градските власти. Во соопштението се наведува дека во тек е јавната набавка за дезинсекција на Градот Скопје за 2022 и 2023 година.

-Со дезинсекцијата е планирано годишно да се спроведат по 5 прскања против ларви и возрасни форми на комарци, а истото ќе се реализира авионски и од земја (терестрична дезинсекција), се наведува во информацијата.

Јавната набавка, која е во тек, е за две години (2022 и 2023 година) и истата е поделена на 3 дела, поточно за набавка на средство за уништување на возрасни форми на комарци и средство за уништување на возрасни форми и ларви од комарци, за авионска и за терестична апликација на средството.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Спирала од барања за покачување на платите - КСС најавува генерален штрајк

Следна објава

Ако утре барате нешто во Водовод - недостапни се