Темен режим Режим на светлина

Стружанец се движел по автопат, лица фрлале камења кон неговиот автомобил

На 25.06.2023 во 01.00 часот во СВР Куманово, Ф.И.(25) од с.Велешта, Струга пријавил дека на 24.06.2023 година во 22.40 часот додека се движел по автопат „Пријателство“ со товарно моторно возило марка „МАН“ со струшки регистарски таблици, поточно под мост во с.

Романовце, неколку лица од мостот фрлале камења и тврди предмети со што го оштетиле неговото возило.

Пријавителот се оддалечил од местото и настанот го пријавил во СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Направиле сообраќајка па се степале

Следна објава

Загина мотоциклист во судар со камион во тунелот кај Катланово