Оскаровецот „Паразит“, но и македонскиот „Мирно лето“ се дел од филмовите на репертоарот на Кино под отворено небо во Кинотека, почетокот на август. Првиот ќе се прикажува на 1,8 и 17 август, а вториот на 5-ти. Проеквиите почнуваат во 21 часот.
Во рамки на програмата ќе бидат прикажани: на 30 јули британскиот филм „Убиството на светиот елен“ во режија на Јоргос Лантимос, на 31 јули филмот „Студена војна“ на режисерот Павел Павликовски, на 6 август швајцарскиот филм „Каде припаѓаме“ во режија на Жаклин Цинд, на 7 август швајцарскиот филм „Хронофобија“ во режија на Франческо Рици, на 10 август италијанскиот филм „Тие“ во режија на Паоло Сорентино, на 11 август документарниот филм „Битлси: Осум дена во неделата“ во режија на Рон Хауард, на 12 август документарниот филм „Павароти“ во режија на Рон Хауард. На 13 август ќе биде прикажан филмот „Климакс“ во режија на Гаспар Ное, на 14 август филмот „Златната ракавица“ во режија на Фатих Акин, на 15 август филмот „Офицер и шпион“ во режија на Роман Полански, и на 18 август филмот „Скитникот од плажата“ во режија на Хармони Корин.