Темен режим Режим на светлина

Студено утро, преку денот претежно сончево

УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.

Во Скопје сончево време со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Како што информираат од УХМР, во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Обвинителството бара 30-дневен притвор за Бектеши и уште тројца поранешни функционери од Министерството за економија

Следна објава

Вучиќ најави протести против студентските протести: Народот веќе не се плаши