Темен режим Режим на светлина

СВР Скопје во контрола на моторџиите, санкционирани 113 од контролираните

СВР Скопје во контрола на моторџиите, санкционирани 113 од контролираните СВР Скопје во контрола на моторџиите, санкционирани 113 од контролираните

Во осумчасовна акциска контрола спроведена во Скопје вчера попладне од 12 до 20 часот, полицијата санкционирала вкупно 113 возачи на мотоцикли, соопшти МВР.

„Од нив, четири возачи се санкционирани поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции се изречени за возачи кои управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда, 45 мерки за возачи без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење на сообраќајна дозвола, две санкции за движење по несодветна површина, две мерки за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати прекршоци“, соопшти МВР.

За време на контролата, еден возач на мотоцикл е лишен од слобода поради безобѕирно управување возило.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта низ државата“, велат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Променливо облачно и денеска, стабилно сонце дури од вторник

Следна објава
Во српски смрзнати малини извезени во Франција откриено зголемено присуство на кадмиум

Во српски смрзнати малини извезени во Франција откриено зголемено присуство на кадмиум