Темен режим Режим на светлина

Таткото на убиецот од Младеновац почина од срцев удар

Таткото на Урош Б. момчето кое изврши масакр на 4 мај во близина на Младеновац, починал од срцев удар.

Како што јавуваат српските медиуми, Радиша Блажиќ, таткото на убиецот од Младеновац, починал вчера од срцев удар. Веста ја потврдил пријател на семејството.

Момчето пред три дена уби осум и рани 14 луѓе. Полицијата по неколку часа го уапси напаѓачот. Тој сакал да влее страв кај населението.

Мештаните за српските медиуми раскажаа дека се работело за проблематично семејство.

По двата масакри деновиве, Србија презема мерки за разоружување на населението. Се заоструваат мерките и казните за нелегално поседување оружје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонските политичари покажуваат некомпетентност во водењето на надворешната политика

Следна објава

Во Скопје 244 казнети возачи, од нив 117 за брзо возење