Темен режим Режим на светлина

Taylor Swift прогласена за Глобален изведувач на годината по шести пат

Taylor Swift прогласена за Глобален изведувач на годината по шести пат Taylor Swift прогласена за Глобален изведувач на годината по шести пат

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт официјално е призната како најпродаван глобален изведувач за 2025 година.

Во средата, претставници на International Federation of the Phonographic Industry (IFPI) соопштија дека хитмејкерката е најуспешниот артист во светот во изминатата година.

Ова е четврта година по ред Свифт да доминира на IFPI Global Artist Chart и вкупно шести пат да ја добие оваа престижна награда.

„Шестата награда на Тејлор Свифт за Глобален изведувач на годината на IFPI е навистина историско достигнување,“ изјави Викторија Оукли, извршна директорка на IFPI. „IFPI Global Artist Chart опфаќа извонредни уметници од целиот свет и ги претставува тимовите и долгорочната посветеност зад секое издание, овозможувајќи им на фановите ширум светот да се поврзат со музиката на значаен начин.“

Свифт сè уште не се огласила по повод веста.

Пејачката и текстописец во 2025 година имаше уште една рекордна сезона, објавувајќи го својот дванаесетти студиски албум „The Life of a Showgirl“, како и документарната мини-серија „The End of an Era“, која ја следи нејзината рекордно успешна турнеја Eras Tour.

Меѓу другите имиња што се најдоа на IFPI Global Artist Chart се К-поп групата Stray Kids, како и Drake, The Weeknd, Bad Bunny, Kendrick Lamar, Morgan Wallen, Sabrina Carpenter и Billie Eilish.

Lady Gaga се врати на листата за првпат од 2020 година, освојувајќи го 10-тото место, додека Ed Sheeran, SZA и Justin Bieber повторно влегоа во рангирањето, сите во рамките на топ 20.

Наградата „Глобален изведувач на годината“ се пресметува врз основа на светската продажба на еден изведувач или група – вклучувајќи стриминг, дигитални преземања и физички формати – во текот на календарската година, при што се зема предвид целокупниот музички опус.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Дигитален замор – зошто сме постојано онлајн, а се чувствуваме празно?

Дигитален замор – зошто сме постојано онлајн, а се чувствуваме празно?

Следна објава
Струмица во карневалски ритам: Над 1.000 учесници и настап на Кирил Џајковски

Струмица во карневалски ритам: Над 1.000 учесници и настап на Кирил Џајковски