Темен режим Режим на светлина

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Блаце: Жена загина, петмина повредени

Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот патот Скопје – Граничен премин Блаце при што една жена загинала, а пет лица се повредени.

МВР информира дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце вчера околу 21:45 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско.

-Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „Фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кандидатурата на Бујар Османи – врв на федералистичкиот проект на ДУИ

Следна објава

ОБСЕ/ОДИХР со 12 експерти, дваесетина долгорочни и околу 300 краткорочни набљудувачи на двојните избори во Македонија