Трагедија во Охрид: Се удави репрезентативниот голман Никола Даниловски

Трагични вести пристигнаа од Охрид, откако утрово во Охридското езеро е пронајдено безживотното тело на голманот Никола Даниловски, објави охридската полиција.

24-годишникот беше член на ракометниот клуб Охрид, а според информациите од охридската полиција, телото било пронајдено кај местото Лагадин. На него немало траги од насилство, па засега не се познати причините за смртта.

Даниловски бил изчезнат од синоќа, тој не присуствувал на тренингот на Охрид и бил недостапен на телефон, а доцна во ноќта полицијата трагала по него. За жал, утрово е потврдено дека пронајденото тело во езерото е на младото момче.

Младиот голман потекнуваше од школата на Металург, ги бранеше боите на тимот од Автокоманда, кратко беше и во Пелистер, а беше дел од младинските селекции на Македонија и доби неколку репрезентативни повици со сениорите.

Поради трагедијата ќе биде одложен натпреварот на неговиот клуб, па вечерва нема да се одигра „езерското дерби“ меѓу Охрид и Струга.

Претходна вестУтре без струја повеќе делови на Скопје
Следна вестНови 33 заболени и 11 починати од Ковид-19