Словенечката полиција целосно блокирала улица во градот Пивка, Словенија, откако, на тротоарот во близина на продавница, локалец кој живеел во блиска станбена зграда со три истрели ја убил воспитувачката во градинка, а потоа се самоубил.
Соседот на убиецот, кој ја гледал трагедијата од својот балкон, не ја слушнал расправијата, но забележал дека соседот ѝ се заканил на жртвата и влегол во зградата. Таа продолжила да оди по тротоарот, а тој набргу истрчал ја повикал, таа се свртела, а потоа ја застрелал три пати во торзото од непосредна близина. Потоа го свртел пиштолот кон себе и пукал.



