Темен режим Режим на светлина

Уапсени се две лица, извршени се претреси во старски домови во Скопје поради сомнеж за нехуман третман

ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Извршени се претреси во старски домови на неколку локации низ Скопје поради сомненија за нехуман третман за стари лица, информираат денеска од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за акцијата што ја спроведуваат во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Единицата за економски и компјутерски криминал.

Во текот на вчерашниот ден се извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за згрижување на стари лица, а денеска е направена проверка на уште две поврзани локации.

Досега во оваа акција се уапсени две лица.

Во претресите, покрај претставниците на МВР и Обвинителството, присуствуваат и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори на Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика.

Како што соопштија од Обвинителството, институциите продолжуваат со активности за утврдување на сите правно релевантни факти и евентуална одговорност во случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Пукање во центарот на Куманово, ранет доктор и носител на листа на ДУИ

Следна објава

Коњановски: Битола ќе добие нова зграда на противпожарната единица — капитален проект вреден милион долари