Темен режим Режим на светлина

Тоневски најави субвенции за енергетски ефикасни фасади во Пробиштип

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави нова мерка во рамки на својот план за поодржлива и модерна општина – субвенции за изградба на енергетски ефикасни фасади на објектите за колективно домување.

„Ова не е само фасада – ова е инвестиција во нашата иднина, во почист и поубав Пробиштип,“ истакна Тоневски, нагласувајќи дека целта е намалување на потрошувачката на енергија и создавање позелена заедница.

Според него, проектот ќе донесе повеќекратни придобивки: пониски сметки за струја и греење, подобра топлинска изолација и повисока вредност на зградите.

„Продолжуваме заедно – чекор по чекор, кон модерна и енергетски ефикасна општина,“ порача Тоневски, додавајќи дека оваа мерка е дел од поширокиот план за одржлив развој на Пробиштип.

” target=”_blank”>Видеото може да го погледнете тука

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Градоначалникот Проданоски најави решенија за автобускиот превоз во Прилеп

Проданоски најави ревитализација на градската река во Прилеп

Следна објава

Посебна фан-зона за македонските навивачи во Белгија