Убава маратонска атмосфера, македонска доминација и рекорди…

Убаво беше да се види како денеска на булеварите во Скопје се одвива веќе традиционалниот Скопски маратон. Многубројните учесници направија убава-спортска атмосфера која ја надополнуваа и скопјани кои од тротоарите ги бодреа маратонците.

На овој, 17-ти по ред Скопски маратон победници беа Дарио Ивановски во машка, и Адријана Поп Арсова во женска конкуренција со што ја потврдија македонската доминација на овогодинешната најдолга атлетска трка. Инаку, овие наши маратонци постигнаа и уште еден успех – двата резултата се нови македонски рекорди на оваа делница.

Ивановски маратонот го заврши со време од 2:21.27 часа, втор беше Босанецот Младен Ставановиќ, а трет Давид Перлич од Германија. Поп Арсова маратонот го заврши со време од 2:40.36 часа, три минути пред второпласираната Илвија Јукаила од Еквадор и Билјана Кираџиева.

 

Претходна вестМлада скопјанка пронајдена почината во апартман во Стар Дојран
Следна вестРегистрирани 190 новозаболени од коронавирус, а починаа 10 лица