Темен режим Режим на светлина

Утре сончево со мала облачност и слаб ветер

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во среда ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на планините со повремен снег, повеќе застапени во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во петок во источните делови облачноста ќе се зголеми и ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде повисока, особено во сабота.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Петмина викендов со фалсификувани ПЦР тестови се обиделе да поминат граница

Следна објава

Нови 465 случаи со Ковид-19, 20 починати и 1.880 оздравени пациенти