Темен режим Режим на светлина

Утринска магла по котлините, стабилно време преку ден

Релативно топло време со врнежи во западните делови Релативно топло време со врнежи во западните делови

Времето денеска ќе биде претежно облачно и тивко, со температури до 17 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 12 и 17 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно и мирно време. Утринската температура ќе се спушти до 0 степени, а дневната ќе достигне околу 16 степени.

Според најавите на синоптичарите, во следните денови времето ќе биде стабилно и суво. Промена се очекува во четврток, кога ќе има услови за слаб дожд, проследен со повремено засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Прекин на електрична енергија во Орман од 9 до 13 часот

Следна објава
Лариџани: Иран нема да седне на преговарачка маса со Америка

Лариџани: Иран нема да седне на преговарачка маса со Америка