Уште еден ден и почнува изборната кампања за претседател на Македонија. Пред малку беше потпишан и Кодексот за фер и демократски избори. Какви ќе им бидат кампањите на седумте кандидати за шеф на државата ќе видиме наскоро.
Професорката Билјана Ванковска која е кандидат за претседател на Македонија подржана од „Левица“ преку Фејсбук само што ја најави својата формула за настап. Напишаното го пренесуваме во целост:
-Колку што гледам наоколу лицемерие, расфрлање со пари за кампања во една од најсиромашните земји во Европа, таква желба за моќ и отсуство на скрупули и морал, толку ми расте решителноста. Ќе засукам ракави и започнам со битка каква што не сте виделе досега.
Формулата ми е едноставна:
АВТЕНТИЧНОСТ (таа сум што сум, без пренемагање, силење, правење паметна) и
ЗДРАВ РАЗУМ (кажување на она што сите го знаат ама им е страв да го кажат).
Немаме пари, ама имаме срце, храброст и љубов за ова македонско парче земја!
Во борба!, напиша Ванковска.