Владата ќе плати за раскинувањето на договорите за седум мали хидроцентрали во Шар Планина

Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидро-електрични централи во Националниот парк Шар планина а трошоците за тоа ќе ги плати Владата. На денешната владина седница Владата ја усвои информацијата за договорите за концесија на малите хидро-централи за кои се водеше постапка за спогодбено  раскинување на договорите за концесија за користење вода за производство на струја.

Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101.

Покрај наведените, со посебна информација доставен е предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91, лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на Концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.

-Со спогодбено раскинување на договорите за  концесија, предвидено е да се надоместат реално направените трошоци за реализација на договорите, и трошоците на име на концесијата. Покрај ова, доставен е предлог за  спогодбено раскинување на договорот за концесија за уште една хидро-централа лоцирана на Шар планина,  во зоната на одржливо користење, при што на концесионерот ќе му се врати уплатениот концесиски надоместок, соопшти Владата.

Претходна вестРегистрирани 75 нови случаи на Ковид-19 и 2 починати лица
Следна вестСиндикатот на УКИМ бара годишно зголемување на платите за 25 проценти, Владата ќе прави анализа