Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Нијагара не ја пере Рускоска

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Рускоска ќе мора да одговори наскоро со кого ги конструирала случаите за политичка пресметка на власта против патриотите и неистомислениците, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Единствено нешто на кое може да се надева таа како пензионерка е линеарното зголемување на пензиите после промената на власта, додаваат од партијата.

– Нијагара не ја пере Рускоска. Пензионерката Рускоска најдоброто на што може да се надева е само линеарното зголемување на пензиите после промената на власта, но граѓаните на Македонија може да се надеваат на расветлување и расчистување на сите политички процеси во кои учествуваше разрешената и понижена екс-обвинителка. Таа со нејзината додворувачка навика кон секоја власт е пример за тоа што е најлошо во судско-обвинителскиот систем и една од главните причини поради кои граѓаните немаат доверба во институциите и сметаат дека државата е на дното во своето постоење.

Нејзиното место сепак не е во заборавот и залудно е потрошен јавниот простор посветен на нејзините празни правдања, бидејќи не се заборава она што го правеше и што го претставува, како што не се заборава и она што го правеше нејзината колешка Катица Јанева, стои во соопштението на партијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пендаровски испратил порака на Ердоган за екстрадицијата на Палевски

Следна објава

Министерот Шаќири за учебникот по математика: Побарав авторите да објаснат зошто е направена грешка