Шефот на државата Стево Пендаровски вчера му испратил порака на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски.
-Вчера е пренесена пораката до кабинетот на Ердоган за екстрадицијата на Палевски, изјавија за „Макфакс“ од кабинетот на Пендаровски.
Од таму не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката.
Пендаровски во интервју деновиве кажа дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за побрза екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





