ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да шири демагогија, да понесе одговорност

Оливер Спасовски наместо да се оградува од постапката за убиствата на Панче и Вања, треба да одговори зошто МВР не презела акција за пронаоѓање на возилото на Панче, истиот ден кога добиле пријава дека е исчезнато, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на министерот за внатрешни работи за ТВ Канал 5.

-Спасовски не кажа зошто МВР три дена не реагира и дозволило возилото на убиениот Панче со кое е киднапирана Вања да се движи низ Скопје. Спасовски треба да се соочи со фактот дека МВР можела да го пронајде возилото на убиениот Панче уште на 24-ти ноември, кога за прв пат истото влегло во Скопје, а е регистрирано од системот безбеден град. Доколку Спасовски уште на 24-ти распишел централна објава по возилото тоа ќе било пронајдено и исклучено од сообраќај, убијците на Панче фатени, а до убиството на Вања воопшто немало да дојде. Спасовски наместо да шири демагогија, да понесе одговорност, се вали во партиската реакција.

Претходна вестОд Албанија пристигнуваат 20 украдени икони од македонските цркви
Следна вестНа скопскиот Филозофски факултет не само што се учи историја туку самиот е историја на македонското образование