Темен режим Режим на светлина

Поликлиниката „Железара“ доби дигитален мамограф за рано откривање рак на дојка, скринингот бесплатен

Нов дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ехо апарат со две сонди е нова апаратура инсталирана во скопската поликлиника „Железара“, а набавена со средства од Буџетот на Министерството за здравство.

На денешната промоција министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека дигиталниот мамограф претставува најсофистицирана опрема што се користи во сите здравствени установи низ светот и важи за современа метода за скрининг на рак на дојка во рана фаза.

– Со цел навремена дијагностика и рано откривање на рак на дојка, продолжува националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, којашто е бесплатна за пациентките. За наредната година се планира зголемување на бројот на кабинети за скрининг на рак на дојка, согласно утврдените правила и протоколи донесени од страна на Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка, подвлече министерот за здравство.

Меџити кажа дека има скрининг амбуланта на Торакална хирургија за пациентки кои имаат направено ехо мамографија, биопсија и потврден хистопатолошки наод и истите директно од доктор специјалист радиолог, може да се упатат во амбулантата на Торакална за одредување на термин за операција.

– Досега оваа можност, доктори специјалисти радиолози ја немаа ниту во дијагностички процедури, нагласи Меџити.

Според Меџити, изминатите месеци интензивно се работи на подобрување на јавните здравствени установи низ целата држава со набавка на нова медицинска опрема, подобрување на условите преку реконструкции, зајакнување на кадарот и набавка на лекови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Исчезна 29-годишно момче од Струмица

Следна објава
Со ножеви и палки направиле голема тепачка во Скопје, полицијата уапсила девет лица

Тепачка меѓу четири лица во Тетовско, имале нерасчистени имотно-правни односи