Темен режим Режим на светлина

Во ковид – центрите се лекуваат 1.699 пациенти, слободни 335 болнички легла

Во скопските и ковид-центрите во другите градови во земјава се лекуваат вкупно 1.699 заболени од корона вирусот, информира денеска Министерството за здравство.

-Има околу 335 празни болнички кревети во ковид центрите, а само во Скопје се лекуваат 702 лица. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани уште 69 пациенти поради компликации од коронавирусот, се наведува во информацијата.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 29 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 58 болни.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 150 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 87 лица. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 97 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 118 во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 35, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Османи: Околу 2.000 граѓани немаат решено државјанство

Следна објава

На пациенти во тешка состојба ќе им бидат пресадени бубрезите од починатата девојка