Во продавницата алкохол би можеле да купуваат само дипломати кои не се муслимани, Саудиска Арабија менува закон

Саудиска Арабија објави нова регулатива за алкохол, пренесува „Си-ен-ен“. Се воведуваат правила кои ќе ги регулираат квотите за алкохол достапни за дипломатските претставништва од немуслиманските земји.

Целта на оваа мерка е да се спречи нелегалната трговија со алкохол. Се претпоставува дека тоа значи отворање на првата продавница за алкохол во главниот град Ријад, иако оваа информација не беше потврдена од саудискиот центар за меѓународна комуникација. Во секој случај, во продавницата би можеле да купуваат само дипломати кои не се муслимани.

Новиот процес на дипломатите ќе им ја додели количината на алкохол што може да ја добијат при влез во земјата, со цел да се стави крај на неконтролираната трговија со алкохол.

Продажбата и консумирањето алкохол во Саудиска Арабија е строго забранета и може да се казни со камшикување, депортација и затвор. Сепак, под принцот Мохамед бин Салман, земјата се обидува да го зајакне туризмот за да ја диверзифицира економијата, што вклучува и прилагодување кон туристите. Затоа, постојат претпоставки дека алкохолот ќе биде легализиран во блиска иднина.

Претходна вестДКСК до ОЈО ќе достави анализа за склучувањето на договорот за градба на коридорите 8 и 10Д, има ризици од коруција
Следна вестВо Кина се слави Лунарната Нова Година, се очекуваат девет милијарди патувања