Темен режим Режим на светлина

Времето денеска сончево и топло со температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи релативно топло време.

Промена на времето се очекува в среда со повремен локален дожд, а в четврток наместа пороен со појава на грмежи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
И за Велигден во некои домови немало мир, уапсени повеќе лица за семејно насилство

Маж си ја претепал поранешната сопруга

Следна објава
Утрово без струја во дел од Карпош и Аеродром

Без струја делови од општините Гази Баба и Арачиново