Темен режим Режим на светлина

За една недела 165 санкции за непрописно паркирање во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 165 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 17.01. до 23.01.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 77 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 88 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Арачиновец уапсен во Центар, кај него пронајдена марихуана

Следна објава

Oбвинение против двајца родители за родосквернавење и трговија со дете