Полицијата казнила 131 возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни возила.

Изречени се две мерки за возач почетник, 10 санкции за зборување на мобилен телефон, три мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал црвено светло.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата го изеде стандардот, заевизмот креирал нов долг од 14.500 денари за секое семејство
Следна вестЗаврши истрагата: Возачот ја загубил контролата врз автобусот по што загинаа 45 лица