Пребрзото возење по македонските сообраќајници е вообичаена работа. Но, дали така треба да биде? Што се прави тоа да се спречи затоа што е опасно за сите учесници во сообраќајот?
Полицијата уверува дека прави многу. Во текот на вчерашниот ден МВР спровело акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. При што санкционирани биле 203 возачи.
Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место.
Бројките загрижуваат. Ќе се најде ли спасот од здивените возачи? Може ли полицијата да ги припитоми?



