Темен режим Режим на светлина

Зошто полицијата не успева да го смири дивеењето на сообраќајниците?

46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал 46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал
Сообраќајната култура во Скопје е на многу ниско ниво. Всушност еден дел од учесниците се без култура, односно се насилници кои го тормозат останатиот дел од населението. За жал тормозењето премина и во буквално убивање на пешачки, на коловозите…
Стана вообичаено скопјани да слушаат шокантни вести за нови и нови трагедии. До кога ќе биде така? Кога ќе се слушне и види за конкретни осмислени и подолготрајни реакции од сообраќајната полиција?
Нема повеќе време да губење, премногу загинати има на улиците. На неодамнешниот шок од сообраќајна несреќа кај Сити мол во која загина млада девојка на пешачки премин се надоврзаа нови. Вчера, на мостот „Гоце Делчев“ загина пешак откако беше прегазен од возило, а во Лисиче во сообраќајка загина возач а тешко е повредена неговата 15-годишна ќерка.
Несреќите се претркуваат една со друга, но на скопските улици малку што се менува на подобро. И натаму се вози пребрзо, се поминува на црвено светло на семафорите, не се пропуштаат пешаците, се зборува по мобилен телефон додека се вози, не се користат појасите, се возат неисправни возила… Во тоа секојдневно се уверуваат и самите скопјани.

-Секој ден возам по градот и се придржувам до ограничувањето на брзината од 50 километри на час. Но, забележувам дека сите возила ме претекнуваат, односно, дека возат многу побрзо од мене. Се гледа дека тие возила се движат и по 70-80 километри на час. Со таа брзина поминуваат и на крстосниците за да го „фатат“ жолтото светло. Со тоа најдиректно се загрозува сообраќајот, ни вели скопјнецот Марко П.

Непроменет, се чини, остана и односот на полицијата. И во последниве денови односот е ист: се даваат само дневни соопштенија за спроведени акциски контроли и за бројот на казнетите возачи. Завчера, на пример, биле изречени 131 мерка – за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни возила... Слично беше и во изминатиов период.

Се добива впечакот како да полициските контроли се сведуваат само на вршење на радарски контроли на неколку пункта по градот кои возачите веќе ги знаат и толку. Некое позабележително присуство на полицијата по градските сообраќајници, односно, позначајна контролна активност, не се забележува. Или, тоа се сведува на присуство на полициска патрола која седи во патролна кола на одредени крстосници и толку. По други сообраќајници, по повеќе населби како да нема полициски патроли и сообраќајниците им се оставени на дивеењето на несовесните возачи.

-Секој ден возам по населбите Ново Лисиче и Аеродром и не забележувам дека има некакво присуство на сообраќајна полиција со цел да го надгледуваат сообраќајот. Токму по булеварите во овие населби се вози многу брзо и опасно и полицијата треба да ги казнува таквите возачи, ни вели еден жител на Ново Лисиче.

Очигледно, полицијата треба да го смени начинот на кој што се справува со несовесните возачи бидејќи до сегашниот метод не дава резултати. Македонија има и плаќа премногу полицајци, ама ги нема доволно таму каде што треба да бидат. Тоа го знаат здивените возачи и газат се околу себе. Во МВР мислат нешто да сменат? Зошто не успеваат да го смират дивеењето на сообраќајниците?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Следна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Претпладне облачно, попладне потопло со сончеви периоди