Пендаровски: ЕУ се уште, за жал, е свртена кон внатре

ЕУ е свртена кон себе, оцени денеска шефот на државата Стево Пендаровски. Тој зборуваше на денешната амбасадорска тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“.

Како аргумент за ова тој го наведе фактот дека годинава ќе комплетираме 17 години како земја кандидат за членство.

Се повеќе се приближуваме до неславниот рекорд на Турција која со децении преговара и е практично замрзната во преговорите, рече Пендаровски.

Тој порача дека ЕУ нема ниту една рационална, стратешка или тактичка причина да се плаши од влегувањето на Западен Балкан.

-Проширувањето во целина е де факто замрзнато неколку години наназад. Ако сме реални, треба да кажеме дека ЕУ се уште, за жал, е свртена кон внатре и има дебати како треба да изгледа иднината на Европа. Добар дел од надворешната политика моментно е прекоупирана со кризата во Украина, но потребен е посебен ангажман на Западен Балкан, истакна претседателот.

Пендаровски искажа и загриженост дека опаѓа поддршката на граѓаните за ЕУ.

Претходна вестСе бара притвор за осомничениот за сообраќајката кај Лисиче: Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено
Следна вестРегистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати